• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Реакција на Платформата за родова еднаквост – Претседателот на државата е без основни познавања за родовата (не)еднаквост

јануари 22, 2018
by admin
0 Comment

Факти: 78% од жртвите на физичко насилство се жени додека 98% од сторители на семејно насилство се мажи. Од 2008 до 2016 година, регистрирани се 70 фемициди од кои 15 се случиле само во периодот 2013-2016. Над 3/4 од случаите на семејно насилство не се пријавени во ниту една јавно достапна служба. Секоја втора жена во Македонија е жртва на психичко насилство, секоја четврта жена е жртва на физичко насилство, а секоја седма жена е жртва на сексуално насилство.

Платформата за родова еднаквост реагира на изјавата на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во обраќањето пред пратениците во Собранието на Република Македонија на 26.12.2018 година, каде посочи дека ратификацијата на Истанбулската конвенција со себе носи и одредени ризици, односно дека Конвенцијата „воведува нова и неконвенционална дефиниција на родот како општествен конструкт што е независен од биолошкиот пол и што може да се менува според волјата”.

Ваквата изјава на Претседателот Иванов покажува основно непознавање на меѓународната и националната рамка за заштита од родово засновано насилство и дискриминација. Дефинирањето на родот како поим кој ги означува општествено конструираните улоги, однесувања, активности и атрибути што дадено општество ги смета за соодветни за жените и за мажите претставува основен чекор во борбата за еднаквост меѓу мажите и жените. Впрочем, оваа дефиниција е и основата за донесување на меѓународните и националните документи кои го третираат прашањето за родовата (не)еднаквост и за нејзиното надминување. Разбирањето на родот како социјален конструкт, а со тоа и дефинирањето на родовите улоги не е воопшто новост нити во политичката теорија, нити во правото, напротив поминато е повеќе од половина век од првите констуктивистички теории. Оттука, нејасно е како претседател на една држава и на сите граѓани и граѓанки може да се спротивстави на дефиниции кои придонесуваат за надминување на историската и фактичката нееднаквост меѓу мажите и жените.

Несогласувањето со ратификацијата на Истанбулската конвенција воедно значи и одобрување на родова заснованото насилство, особено ако се земе предвид дека дефинирањето на родот како социјален конструкт е проблематично за Иванов. Наметнатите и прецизно дефинирани родови улоги и норми се појдовната позиција која генерира насилство и шовинизам во сите општествени сфери. Со ваквата изјава претседателот се залага за презервирање на родовите улоги и норми кои генерираат насилство кон жените. Претседателот е уплашен и од фактот што согласно одредбите на конвенцијата се нуди заштита од насилство и дискриминација на родовите и сексуалните малцинства, со што претседателот директно застанува против заштитата од дискриминација, вознемирување и насилство кон ЛГБТИ луѓето, со што го поттикнува истото и го негира нивното право на живот.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk