• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Реакција по повод смртта на три работнички

јули 29, 2015
by Marija Zafirova
0 Comment

Акција Здруженска, преку Платформата за родова еднаквост реагира по повод на смртта на три работнички во Македонија

Од:Платформа за родова еднаквост

До: Министерство за труд и социјална политика

Државен инспекторат за труд

Интер ресорска група за еднакви можности на жените и мажите

Комисија за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Р. Македонија

Комисија за труд и социјална политика на Собранието на Р. Македонија

Постојана собраниска анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Народен првобранител на Република Македонија

 

Почитувани,
Сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост поради смртта на три работнички кои изминатиов месец починаа на нивното работно место. Нашата загриженост се однесува на условите за работа во фабриките во Република Македонија, недостатокот од редовни контроли од страна на надлежните органи и отсуство од системска евиденција за повредите и несреќите на работно место од страна на државата.
На крајот од јуни и почетокот на јули оваа година, медиумите пренесоа вест за три смртни случаи на работнички, две работнички се од фабриката “Дрекселмаер” од Кавадарци додека третата работничка е од штипската текстилна фабрика “Јаја Мезлер” . Смртта на една од работничките од “Дрекселмаер” е и официјално потврдена од фабриката , додека за смртта на втората работничка, освен пренесената вест од медиумите и неофицијални информации од вработени, од менаџментот на “Дрекселмаер” сè уште нема официјална потврда.За преземените дејствија од страна на надлежните државни институции (Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд)постојат само посредни информации преку медиумите. Министерот за привлекување на странски инвестиции информираше дека е направена инспекциска контрола на работните услови во “Дрекселмаер” и не се утврдени отстапки од законски пропишаните услови за работа.Трудовата инспекција изврши контрола во фабриката „Јахја Мезлер“ при што се констатирани недоследности во исполнувањето на условите за безбедност и здравје при работа, за што се изречени и казни. Сепак,најбројни беа реакциите од граѓанскиот сектор, каде претставници на организациите кои се занимаваат со заштита на работнички права,повикувајќи се на сведоштва на работници, алармираа за лошите услови во кои работат работниците во фабриките како инепочитувањето на стандардите за безбедност при работа (употреба на отровни материи во директен контакт со работници, лоша климатизација, прекратка пауза итн.).
Смртта на три работнички за краток период дава индикации на влошени услови за работа во фабриките, особено во летниот период. На ова укажуваат и статистиките од годишните извештаи за несреќи при работа на Македонското здружение за заштита при работа.  Имено,повредите и смртните случаи драстично се зголемуваат во летниот период, во споредба со другите месеци од годината што упатува на сомневање во примената на законски пропишаните услови за работа од страна на работодавачите (соодветна климатизација на просториите, паузи, достапност на течности и сл.) за превенирање на шок и стрес од топлина.
Загрижува недостатокот од соодветни извештаи и податоци од надлежните државни институции кои се однесуваат на безбедноста и здравјето на работниците (веб сајтот на Инспекторатот за труд е подолг период недостапен). Меѓународната организација на трудот во својот последен извештај за Македонија повторно ја нагласува потребата државата да ги почитува и промовира прописите и стандардите на Конвенцијатаза здравје и безбедност при работа , што подразбира и обезбедување на информации за мерките кои се преземаат за да се влијае на намалување на исклучително високиот број на повреди и смртни случаи особено во преработувачката индустрија и градежништвото. Според истиот извештај, државните институции во земјата не водат и не обезбедуваат соодветни статистички податоци за бројот на повредите и здравствените проблеми на работниците кои се последица од работните услови. Недостатокот од такви важни статистики оневозможуваат системска евиденција, анализирање на трендови, дизајнирање на мерки и соодветно постапувањево ситуации на нарушување на здравје, повреди и смрт на работно место.
Исклучително високиот број на повреди и смрт на работно место (42 смртни случаи во 2014 година )се состојби кои не смее да се игнорираат.Сметаме дека е особено важно во краток рок државата да ги спроведе следниве три клучни препораки:
1)    Надлежните институции континуирано да вршат инспекциски надзор, особено во летниот период и на оние работни места кои се подложни на топлотни шокови (неизолирани хангари, фабрики каде се случени повреди и несреќи, градежни изведби и сл.)со цел да се утврди фактичката состојба и причините за несреќите, а извештаите и заклучоците да бидат достапни за јавноста;
2)    Воведување на систем на задолжителна евиденција на повредите и несреќите при работа и на работно место. Подобрување на статистичката база, евиденцијата и следењето на состојбите со здравјето и безбедноста на работниците, особено во секторите каде има најголема стапка на смртност на работно место (градежништво и преработувачка индустрија) е неопходно за намалување на несреќите и дизајнирање на програми кои ќе поддржат преземање на превентивни мерки;
3)    Надлежните институции да преземаат континуирани мерки преку кои ќе ги информираат, едуцираат и обврзат работодавачите да ги почитуваат стандардите за здравје при работа кои се пропишани со постојните закони и конвенциите на МОТ (обезбедување на соодветна климатизација, опрема за заштита при работа, придржување до законските пропишани паузи за време на работното време, обезбедување на вода и други течности постојано достапни за работниците итн.). Превентивни контроли, во насока на усогласување на работните услови се клучни во намалувањето на бројот на несреќи и повреди.
Сигурноста, безбедноста и здравјето на работното место се основни предуслови за достојна работа. Должност на институциите е почитување и спроведување на законските одредби и примена на стандардите пропишани во конвенциите на МОТ (чиј потписник е Македонија). Тоа е единствен начин преку кој ќе се превенираат повредите, несреќите и смртните случаи на работните места. Во таа насока, се надеваме дека нашите препораки ќе бидат сериозно разгледани и земени предвид. Ви стоиме на располагање за било каква дополнителна поддршка и помош.
Со почит,
Платформа за родова еднаквост

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk