Публикацијата “Родовата рамноправност во локалните буџети” има за цел да го унапреди третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво преку зајакнување на капацитетите и поддршка на локалните НВО за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси. Во неа се претставени резултатите од активностите кои се во функција на зајакнување на знаењата и вештините на женските НВО за следење и застапување на специфичните потреби на жените во буџетските процеси на ЕЛС, обезбедување релевантни информации за приоритетните потреби изразени од самите жени во заедницата и информирање на јавноста и жените од заедницата за релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии.
Оваа публикација е подготвена во рамки на проектот “Родовата рамноправност во локалните буџети” поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Родовата рамноправност во локалните буџети-Модел на зајакнување