• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Спроведена е теренска кампања Жените Буџетираат!

септември 01, 2017
by admin
0 Comment

Од 11 – 22 март, 407 жени од Струмица , Кавадарци , Радовиш , Карпош и Центар го прекројуваа општинскиот буџет, во рамки на теренската кампања Жените Буџетираат!, реализирана во рамките на проектот Застапување на Родово инклузивни локални буџети.

Целта на кампањата е да го поттикне интересот на жените од заедницата за прашањата поврзани со јавните финансии и да ги поттикне на учество во локалните процеси на донесување одлуки.

Преку пунктови на јавен простор, тимовите од Организација на Жени – Струмица; Организација на жени Визија – Кавадарци; Женска Акција-Радовиш; Организација за унапредување на правата на еднородителските семејства Една Може – Скопје со поддршка на Акција Здруженска споделија информации со жените за висината и структурата на локалниот буџет и ги поттикнуваа да „одлучат“како со определен износ ќе го подобрат секојдневието на жените во заедницата. На кампањата и претходеше анализа на општинските буџетски документи за тековната година со цел да идентификуваат најмалку транспарентен износ кој ќе биде предмет на „прекројување“ од страна на жените од заедницата. Жените се запознаа со важноста и придобивките од поголемо вклучување во процесите на одлучување и беа ставени во позиција да донесуваат одлуки во корист на своите сограѓанки, давајќи повеќе од 509 предлози како приоритетни услуги за финансирање од општинскиот буџет. Во рамките на кампањата беа прибирани квантитативни информации за степенот на учество, информираноста и интересот на жените од локалната заедница за буџетското планирање и алокации. Резултатите од анкетата ја потврди комплетната неинформираност, исклученост и недоволно разбирање за релевантноста на буџетските одлуки за нивното секојдневие. Имено, само една од анкетираните жени во Радовиш ја знаеше висината на буџетот, додека останатите немаат ниту приближна претстава за износот. Илустративен пример е изјавата на една од жените, која на прашањето со колкав износ според нејзино мислење располага општинската власт, одговори “..околу 50 000 евра..„.

Сумарни информации за предлозите на жените по општини: Општина Карпош, Општина Центар, Општина Кавадарци, Општина Радовиш, Општина Струмица

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk