На 25 февруари 2017 во просториите на Акција Здруженска, 11 претставнички на организациите вклучени во проектот Застапување на Родово инклузивни локални буџети се вклучија во подготовките за мартовската кампања „Жените буџетираат“ и партиципативното истражување за потребите и приоритетите за финансирање на жените од локалните заедници. На подготвителната средба се запознаа со природата, контекстите и пристапите во подготовка и реализација на фокус група како истражувачки метод, и беа утврдени сценариото, конечните датуми и локациите за реализација на кампањата и истражувањето.