Меѓнародни 16 дена активизам против насилството врз жените-Кампања Стави точка. Помогнете насилството да стане минато
По повод одбележувањето на Меѓнародните 16 дена активизам против насилството врз жените (25 Ноември – 10 Декември, 2006), Акција Здруженска организира Кампања ,,Стави точка. Помогнете насилството да стане минато,,.
Капањата беше отворена со одржување на прес-конференција на 25 Ноември, во 11 часот, во кафулето Тренд, на која се обратија Државниот Секретар на Министерството за труд и социјална политика, Г-дин Душко Миновски, Државниот Секретар на Министерството за внатрешни работи, Г-дин Гоце Џуклески и Извршната Директорка на ЕСЕ, Г-ѓа Јасминка Фришчиќ.
Со цел промовирање проактивност на институциите задолжени за заштита на жртвите од семејно насилство, претставници од Центрите за социјална работа, Полициските станици и НВО-и од Скопје, Битола, Охрид, Штип, Тетово, Струмица, Велес и Куманово на прометни места каде што протокот на граѓани е најголем, беа дистрибуирани картички кои содржеа кратка информација за семејното насилство и листи на расположливите системи за заштита. Промотивниот материјал содржеше и повик до граѓаните за поддршка на жртвите со тоа што ќе донираат 100 денари, со повик на специјално отворена мобилна линија или во кутиите поставени во сите СП маркети, Макси Д дисконтите и Центарот за убавина UNIQUE. Средствата беа наменети за правна и психосоцијална помош и поддршка, како и бесплатно судско застапување на жртвите на семејно насилство.
Носители на кампањата, покрај Акција Здруженска се и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ, Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, Националната СОС линија при ОЖС, Кризниот центар-Надеж, Шелтер Центар, партнери во проектот „Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното насилство во Македонија”.