• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Студија „Политичкото учество на жените во Северна Македонија“

април 15, 2020
by admin
0 Comment

Студијата „Политичкото учество на жените во Северна Македонија“ е изготвена од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН) и од Акција Здруженска, а поддржана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД)/Westminster Foundation for Democracy (WFD) јавно тело на Велика Британија посветено на поддршката на демократијата ширум светот. Првиот дел е самата студија, а вториот дел е збирка на индивидуални истражувачки трудови на сродни теми. Студија дава преглед на општата состојба со политичкото учество на жените во земјата преку приказ на податоци и нивна анализа се следат процесите, институционалните механизми, системските фактори, улогите на општествените актери и динамиката што о(не) возможува зајакнато политичко учество. Сликата за динамиките што влијаат врз политичкото учество на жените ја добиваме преку деловите од анализата што се однесуваат на: историјатот на женското движење и движењето за родова еднаквост; образовните можности во областите на родовите и женски студии; преку историјатот и анализата на политиките за родова еднаквост; законските и институционалните механизми и нивното функционирање, како и преку живите искуства на жените и активистите за родова еднаквост. Во анализата не се следи политичкото учество на жените единствено преку политичките партии како формални политички институции, туку преку нивното вклучување во процесите на одлучување и креирање политики на сите нивоа на општествено управување – образование, јавни претпријатија, месни заедници, локална самоуправа, институции на извршната и законодавната власт. Ваквиот пристап се темели врз претходно поставените заложби и теоретска анализа според која исклучиво формално политичкото учество или застапеност на жените нема да биде доволен услов или фактор за постигнувањето родова еднаквост во општествата. Пристапот што го користиме во анализата овозможува поттикнување и предизвикување на системските фактори што влијаат врз политичкото учество, а кои исто така се анализирани во текстот и се основа и за препораките што произлегуваат од анализата.

ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈАDownload
WOMEN’S POLITICAL PARTICIPATION IN NORTH MACEDONIADownload
PJESËMARRJA POLITIKE E GRAVE NË MAQEDONINË E VERIUTDownload
About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk