Во текот на јуни 2018 година, тимот на Акција Здруженска ги посети партнерските организации: Граѓанска Иницијатива на Жените од Свети Николе, Женски Форум – Тетово и ОЖ Струмица. Средбите имаат за цел верификација на финансиските и наративните извештаи од досегашната реализација на доделените гранови. За време на посетите грантистите добиваат менторска поддршка која ќе придонесе кон успешна реализација на грантовите.
Оваа активност се спроведува во рамките на Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ во компонентата за регрантирање, која се реализира со четири граѓански организации од Струмица, Битола, Свети Николе и Тетово, кои добиваат финансиската поддршка за спроведување на грантовите во период од 22 месеци и тоа од 1 јануари 2018 година до 1 ноември 2019 година.
Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ се имплементира од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост -ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје. Истиот е поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015.