Во текот на 2013 година врз основа на прибраните и обработени податоци Акција Здруженска во форма на информативно-едукативен материјал подготви и публикува сумарни тематски извештаи за: Имплементација на техничките претпоставки на Законот за еднакви можности на жените и мажите; Исполнување на мандатот и надлежностите на комисиите за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РМ и при советите на единиците на локалните самоуправи; и Исполнување на обврската на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа.
Ваквиот начин на конципирање на публикациите овозможува поголемо разбирање на наодите и препораките од мониторингот, а едновремено ќе послужи и како информативно-едукативен материјал за Законот за еднакви можности на жените и мажите за различни целни групи, кој освен организацијата може да се користи и од други организации/институции.