Планер наменет за единиците на локалната самоуправа со цел да овозможи поефикасна примена на обврската за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите.
Планерот претставува едноставна информативно – едукативна алатка чија основна функција е да им помогне на општинските власти да ги интензивираат напорите поврзани со планирањето, следењето, оценувањето и известувањето за активностите превземени за остварување на целите на Законот за еднакви можности на мажите и жените. Планерот е заснован на резултати и препораки од континуирано следење на спроведување на Законот за еднакви можности на мажите и жените кое Акција Здруженска го спроведува како редовна активност.
Изготвено е и Упатство за користење на Годишниот планер со насоки за планирање и дејствување се со цел поефикасна примена на обврската за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на мажите и жените.
Планерот е изготвен во рамките на проектот на Акција Здруженска „Родовата еднаквост е секојдневна потреба“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија.