Прирачникот e наменет за граѓанските организации што работат на подобрување на положбата на жените и мажите во општеството и градење демократски институции преку кои жените и мажите ќе ги остваруваат своите права. Целта на прирачникот е да им понуди на граѓанските организации насоки за дејствување со цел поголемо вклучување на жените во креирањето на јавните политики на локално ниво и зголемување на нивното влијание во заедницата.
Прирачникот е развиен како дел од иницијативата за „Развој на стратегии за зголемување на вклученоста на жените на локално ниво“ спроведена од Акција Здруженска како партнер на Консалтинг за стратешки развој Скопје, а поддржано од UN Women во рамки на регионалниот проект за Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа. Истиот е резултат на соработката со 9 граѓански организации: Една може! – Скопје, Национален совет за родова рамноправност Скопје, ГИЖ Свети Николе, Ехо – Штип, ЖГИ Клеа – Битола, Женски форум – Тетово, Радика Де – Дебар, Центар за образование и развој – Теарце и Организација на жени – Струмица, кои работеа и тестираа дел од предложените модели наведени во овој прирачник во 10 општини во Република Северна Македонија (Аеродром, Битола, Боговиње, Град Скопје, Ѓорче Петров, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица, Тетово, Штип).