Повик за грант

Меѓугранична еднаквост и родова интеграција

Проектот е финансиран од Европска Унија

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска во рамките за проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка со Косово, објавува

 

КОНКУРС

За финансиска поддршка на акции на граѓански организации за застапување на родовата еднаквост

Во рамките на конкурсот е обезбеден фонд во вкупен износ од 10 000 Евра, од кој ќе бидат доделени 2 мали грантови во износ од 5000 евра за финансиска поддршка на акции насочени кон промоција на интересите и учеството на жените во локалната заедница и застапување на родовата еднаквост кај локалните власти.

Грантовите ќе бидат доделени на граѓански организации со програмски фокус на промоцијата на родовата еднаквост и правата на жените.

Организациите кои ќе учествуваат на повикот треба да бидат регистрирани и да дејствуваат според Законот за здруженија на граѓани и фондации во регионот кој ги опфаќа општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце.

 

Финансиската поддршка се доделува со цел да се зајакнат нивните капацитети за мобилизација на поддршка од различни чинители во заедницата и спроведување на иницијативи за воведување на принципот на родова еднаквост во политиките и праксата на општините во кои дејствуваат. Воедно, поддршката треба да придонесе и кон воспоставување на врски и соработка со сродни граѓански организации од Косово.

Во функција на зајакнување на соработката и промоција на родовата еднаквост на регионално ниво, организациите ќе бидат вклучени во настани за прекугранично поврзување и вмрежување со организации од Косово, размена на информации и искуства и дебата со различните заинтересирани чинители од двете страни на границата.

Краен рок за пријавување: 16 октомври 2015
Продолжен краен рок за пријавување: 16 ноември 2015

 

Целосниот опис на повикот, формуларот за аплицирање како и договорот за грантот може да ги најдете на следните линкови:

Повик за грантови

Формулар за пријавување

Договор за грант

Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации за конкурсот, испратете порака по е-пошта на zdruzenska@t-home.mk