Акција Здруженска, во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р. Македонија- ЕСЕ, реализира заедничка кампања на невладиниот и владиниот сектор, како и меѓународните организации кои работат на проблемот на семејното насилство во Македонија. Кампањата се реализира под наслов: “Меѓуинституционална соработка за справување со семејно насилство во РМ”. Мотото на кампањата е: „Не сокривај, пријави”.
Трите клучни копмпоненти на кампањата се насочени кон:
кревање на свеста и зајакнување на капацитетите на професионалните структури на национално и на локално ниво,
кревање на свеста кај општата популација, особено кај жените и
активности за зголемено медиумско покривање на проблемот на семејното насилство.