Во организација на Радика Де, во рамките на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, неодамна беше реализирана теренска едукација за жените од руралните заедници на Центар Жупа. Жените активно учествуваа во едукативни сесии, дискусии и разменија лични искуства, со цел да го поттикнат нивното активно вклучување во заедницата.
Темите што беа обработени опфатија пет клучни области релевантни за нивниот секојдневен живот – образование, здравје, социјална заштита, економско јакнење како и семејно насилство.
Жените споделија лични приказни, предизвици и идеи, создавајќи силна мрежа на меѓусебна поддршка и мотивација за понатамошни активности и зајакнување на нивната улога во заедницата.
Оваа иницијатива е пример за важноста на локалната едукација и заедничката работа во насока на родова еднаквост, подобрување на социјалната и економската положба на жените и градење на поддржувачка заедница која промовира активно граѓанство.
Активноста е дел од проектот спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка – Куманово, а финансиран од Делегацијата на Европската унија и кофинансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.





