Во рамките на програмската област Социјална инклузија, Акција Здруженска во текот на 2011 година изготви серија аналитички осврти со цел да ја промовира родовата анализа како алатка за креирање мерки и спроведување на политики од областа на социјалната инклузија. Во април месец излезе првиот аналитички осврт „Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“.
Во септември излезе вториот аналитички осврт „Прашањето на Отворениот метод на координација (ОМК) и родот во Европската Платформа за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост“.
Третиот аналитички осврт „Родовите прашања и инклузивноста во Националната Стратегија за е-вклучување на Р.Македонија, 2011-2014“ излезе во октомври 2011.