На 24 ноември, за прв пат, жени од рурални и маргинализирани заедници имаа свое место и глас на буџетскиот форум во општина Пехчево.
Нивното учество е важен чекор кон зголемена видливост, еднаквост и вклученост во процесите на донесување одлуки.
Организацијата Жена од Делчево продолжува да се залага за поддршка, застапување и активно учество на жените во локалните политики, градeјќи поеднаква и поправедна заедница.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка – Куманово, финансиран од Делегацијата на Европската унија и кофинансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.





