Здружението на граѓани Акција Здруженска организираше промоција на аналитички осврт „Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“ која се одржa на 13 април (среда) во просториите на ГЕМ Клуб во Скопје од 11:00 до13:00 часот.
Целта на настанот беше да се отвори прашањето за родовите аспекти во политиките за социјална инклузија. Основа за дискусија беше аналитичкиот осврт изработен со цел да се укаже на потребата од воведување родова анализа во истражувањата за социјална инклузија.
На средбата беа поканети претставници/чки од граѓански организации, надлежни владини институции и меѓународни организации кои имаа прилика да разменат ставови и мислења од областа на социјалната инклузија.
Изготвувањето на аналитичкиот осврт го овозможи Програмата за поддршка на граѓанското општество „CIVICA Mobilitas“, имплементирана од Центарот за институционален развој ЦИРа и финансиски поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), претставувана од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија.