Од 8-10.06.2010 год. во Х. Макпетрол, Маврово се одржа дводневна работилница „Принципот на еднакви можности на жените и мажите во работата на органите и телата во ЕЛС“ на која присуствуваа 14 претставници на Советот и општинската администрација на Општина Куманово.
Целта на оваа работилница беше да се појаснат одредбите од Законот за еднакви можности на жените и мажите и да се започне со процесот на попрецизно дефинирање на обврските и начинот на дејствување на секој од надлежните структури во насока на остварување на целите на Законот. Овој процес ќе резултира со развивање на рамката за операционализација на одредбите од Законот за еднакви можности на жените и мажите во Општината.
Оваа активност се реализира во рамките на годишната програма на Акција Здруженска финансиски поддржана од Програмата CIVICA Mobilitas, Фондација Институт Отворено Општество-Македонија и Balkan Trust for Democracy
Фотогалерија: