УЧЕСТВУВАЈ, ПРЕДЛОЖИ, ПОБАРАЈ! Време е жените да се замешаат во јавните работи

Во текот на 2017 година реализирана е online кампања за поттикнување на женско граѓанско учество „УЧЕСТВУВАЈ, ПРЕДЛОЖИ, ПОБАРАЈ!”. Кампањата е заснована на дизајнирани картички со кратки пораки кои се однесуваат на различни аспекти од животот на жените (и потребите) кои се директно поврзани со надлежностите на локалните власти. Kампањата достигна публика од над 60.000 корисници […]

И ОВАА МАНЏА Е ТВОЈА РАБОТА!

Во текот на 2017 беа дизајнирани и испечатени 1.500 кујнски крпи со порака што се однесува на општинскиот буџет и потребата на жените да се вклучат во креирање на општинскиот буџет. Текстот беше отпечатен на македонски и албански јазик, а крпите беа дистрибуирани од Акција Здруженска, Консалтинг за стратешки развој и 9 граѓански организации: Една […]