„И јас сакам да перам во машина“, порака од Соња Радојковиќ за условите за живот на жените

„И јас сакам да перам во машина“ е пораката што Соња Радојковиќ ја испрати од Собранието на Република Северна Македонија, каде што за првпат имаше можност да зборува за проблемите со кои се соочуваат жените во нејзината локална заедница. Зад оваа навидум едноставна порака се крие секојдневната реалност на жените во руралните средини, за кои […]

Пацуровска: Учеството на жените во месните заедници е важно за промените на локално ниво

Учеството на жените во месните заедници и нивната вклученост во процесите на донесување одлуки беа меѓу прашањата што активистки од повеќе локални заедници ги отворија пред пратеничките во Собранието на Република Северна Македонија. Меѓу нив беше и Натка Пацуровска, активистка од организацијата „Женска акција“ од Радовиш и членка на Женскиот кружок Злеово. Пацуровска, заедно со […]

Со здружен активизам до асфалтиран пат, нов бунар и пристапна рампа во Пеширово

Жените од селото Пеширово, преку заедничко делување и со поддршка од организацијата ГИЖ од Свети Николе, успеаја да издејствуваат решавање на неколку важни инфраструктурни проблеми во својата локална заедница. Благодарение на нивната иницијативност и упорност, општината го асфалтираше патот до училиштето, беше изграден нов бунар со кој се обезбеди доволно техничка вода за жителите, а […]

Активистките од Клисурско маало издејствуваа усвојување на четири од пет барања до Општина Демир Капија

Здружени и решителни да ги подобрат условите за живот во својата заедница, активистките од Клисурско маало во Демир Капија успеаја да издејствуваат усвојување на четири од пет барања доставени до локалната самоуправа. Со поддршка од организацијата „Женско лоби“, жените активно се вклучија во решавањето на проблемите во своето маало и придонесоа за реализација на повеќе […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.