Koнкурс за работно ангажирање програмска/и координатор/ка

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска – Скопје е граѓанска организација која од 2004 година работи на унапредување на родовата еднаквост и правата на жените во Северна Македонија. Преку истражување, застапување, градење капацитети и поддршка на женскиот активизам, организацијата придонесува кон развој и примена на политики за еднакви можности, недискриминација и социјална инклузија.

Во рамки на своите програмски активности, Акција Здруженска објавува оглас за ангажирање Програмски/а координатор/ка. Позицијата е наменета за лице кое умее да ги поврзе различните аспекти на програмската работа – од развој и реализација на проекти до градење партнерства, препознавање на постигнатите промени и нивно ефективно комуницирање до различни целни групи.

Работниот ангажман ќе биде склучен за период до крајот на 2026 (31.12.2026) година, со можност за продолжување на работниот договор.

Работни задачи:

  • Да го координира процесот на доделување на грантови (објавување повици и селекција на апликации, мониторинг на имплементацијата на проектите на организациите-грантисти, анализа на наративните извештаи и подготовка на извештаи за меѓународните донатори;
  • Да го координира, спроведува и следи напредокот и остварувањето на програмата/проектите;
  • Да остварува комуникација со соработници и партнери на програмата/проектите;
  • Да идентификува и развива успешни приказни, примери и содржини преку кои ефективно ќе се комуницираат резултатите и влијанието на проектите до различни целни групи;
  • Следење на буџетското трошење за да се обезбеди ефикасност на програмскиот/проектните буџети;
  • Да подготвува проектни апликации и буџети;
  • Да учествува во подготовка на годишната програма на организацијата;
  • Да учествува во подготовка на периодични и завршни наративни извештаи на организацијата;
  • Застапување пред релевантни чинители на меѓународно, национално и локално ниво;
  • Учествување во процес на градење капацитети на грантистите;
  • Други задолженија поврзани со имплементацијата на програмите на Здружението

Висина на надоместок

Бруто месечен надоместок е 80.000 денари за ангажман со полно работно време.

Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:

  •  Диплома за завршено високо образование;
  •  Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint) и алатки за онлајн
    комуникација;
  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство во проектен менаџмент, комуникации и застапување, посебно во областа на човековите права и родовата еднаквост;
  • Познавање процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори;
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
  • Развиени комуникациски и аналитички вештини, и вештини за тимско работење;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
  • Возачка дозвола од Б категорија.

Предност ќе имаат кандидатите/ките со:

  • Искуство во работа со граѓански организации (особено ќе се цени искуство во организации за родова еднаквост);
  • Искуство во спроведување на проекти кои вклучуваат регрантирање;
  • Искуство во комуницирање на проектни резултати и нивно преточување во приказни и содржини за различни целни групи;
  • Самоиницијативност и посветеност

Рок и начин на аплицирање

Заинтересираните кадидати/ки треба да ги испратат следните документи најдоцна до 01.09.2026 година:

  • Работна биографија со претходно искуство на сродни позиции
  • Мотивационо писмо
  • Уверенија за завршено образование, (формално и неформално)
  • Најмалку две препораки од предходни работодавачи

Пријавите со потребните документи треба да се испратат на следниот e-mail: [email protected] со назнаката „Конкурс за работно ангажирање на Програмски/а координатор/ка“

Начин на избор на кандидатите/ките:

Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју. По разгледувањето на пристигнатите апликации, само кандидатите/ките кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Избраниот/ната кандидат/ка се очекува да почне на работното место од 15.09.2026. 

И-мејл адреса за контакт: [email protected] 

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.