Жените во општина Боговиње, преку здружување, активизам и заедничко делување, покажаа дека нивниот глас може да придонесе за конкретни промени во локалната заедница. Со храброст и упорност, тие започнаа јавно да ги артикулираат своите потреби и барања пред локалната самоуправа, претворајќи ги идеите и иницијативите во конкретни резултати. Нивната приказна е пример за значењето на женското здружување, граѓанското учество и активното вклучување на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Приказната за женскиот активизам во Боговиње е претставена преку видео објавено во соработка со Форумот на жени од руралните средини и UN Women, достапно на македонски, албански и англиски јазик.
Погледнете го видеото:





