„Родовите прашања и инклузивноста во Националната Стратегија за е-вклучување на Р.Македонија, 2011-2014“

Во рамките на програмската област Социјална инклузија, Акција Здруженска во текот на 2011 година изготви серија аналитички осврти со цел да ја промовира родовата анализа како алатка за креирање мерки и спроведување на политики од областа на социјалната инклузија.

Третиот аналитички осврт „Родовите прашања и инклузивноста во Националната Стратегија за е-вклучување на Р.Македонија, 2011-2014“ излезе во октомври 2011.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.