Придонес на Платформата за родова еднаквост кон Периодичниот преглед на индикативниот стратешки документ за ИПА 2 2014 – 2020

Платформата за родова еднаквост го поздравува третманот на родовата еднаквост како еден од
клучните стратешки приоритети и хоризонтално прашање кое треба да биде адресирано во сите
сектори. И покрај тоа, родовата еднаквост и зајакнувањето на жените во стратешкиот документ се
недоволно елаборирани, а во одредени сектори сосема отсуствуваат. Со овој придонес
Платформата за родова еднаквост, по извршените консултации ги предлага следниве препораки
за подобрувања.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.