Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска – Скопје е граѓанска организација која од 2004 година работи на унапредување на родовата еднаквост и правата на жените во Северна Македонија. Преку истражување, застапување, градење капацитети и поддршка на женскиот активизам, организацијата придонесува кон развој и примена на политики за еднакви можности, недискриминација и социјална инклузија.
Во рамки на своите програмски активности, Акција Здруженска објавува оглас за ангажирање Програмски/а координатор/ка. Позицијата е наменета за лице кое умее да ги поврзе различните аспекти на програмската работа – од развој и реализација на проекти до градење партнерства, препознавање на постигнатите промени и нивно ефективно комуницирање до различни целни групи.
Работниот ангажман ќе биде склучен за период до крајот на 2026 (31.12.2026) година, со можност за продолжување на работниот договор.
Работни задачи:
- Да го координира процесот на доделување на грантови (објавување повици и селекција на апликации, мониторинг на имплементацијата на проектите на организациите-грантисти, анализа на наративните извештаи и подготовка на извештаи за меѓународните донатори;
- Да го координира, спроведува и следи напредокот и остварувањето на програмата/проектите;
- Да остварува комуникација со соработници и партнери на програмата/проектите;
- Да идентификува и развива успешни приказни, примери и содржини преку кои ефективно ќе се комуницираат резултатите и влијанието на проектите до различни целни групи;
- Следење на буџетското трошење за да се обезбеди ефикасност на програмскиот/проектните буџети;
- Да подготвува проектни апликации и буџети;
- Да учествува во подготовка на годишната програма на организацијата;
- Да учествува во подготовка на периодични и завршни наративни извештаи на организацијата;
- Застапување пред релевантни чинители на меѓународно, национално и локално ниво;
- Учествување во процес на градење капацитети на грантистите;
- Други задолженија поврзани со имплементацијата на програмите на Здружението
Висина на надоместок
Бруто месечен надоместок е 80.000 денари за ангажман со полно работно време.
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:
- Диплома за завршено високо образование;
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint) и алатки за онлајн
комуникација; - Најмалку 5 години релевантно работно искуство во проектен менаџмент, комуникации и застапување, посебно во областа на човековите права и родовата еднаквост;
- Познавање процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори;
- Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
- Развиени комуникациски и аналитички вештини, и вештини за тимско работење;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Возачка дозвола од Б категорија.
Предност ќе имаат кандидатите/ките со:
- Искуство во работа со граѓански организации (особено ќе се цени искуство во организации за родова еднаквост);
- Искуство во спроведување на проекти кои вклучуваат регрантирање;
- Искуство во комуницирање на проектни резултати и нивно преточување во приказни и содржини за различни целни групи;
- Самоиницијативност и посветеност
Рок и начин на аплицирање
Заинтересираните кадидати/ки треба да ги испратат следните документи најдоцна до 01.09.2026 година:
- Работна биографија со претходно искуство на сродни позиции
- Мотивационо писмо
- Уверенија за завршено образование, (формално и неформално)
- Најмалку две препораки од предходни работодавачи
Пријавите со потребните документи треба да се испратат на следниот e-mail: [email protected] со назнаката „Конкурс за работно ангажирање на Програмски/а координатор/ка“
Начин на избор на кандидатите/ките:
Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју. По разгледувањето на пристигнатите апликации, само кандидатите/ките кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Избраниот/ната кандидат/ка се очекува да почне на работното место од 15.09.2026.
И-мејл адреса за контакт: [email protected]

