Што значи да си жена од рурална средина?

Вчера Акција Здруженска беше во посета на нашиот грантист Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе кои беа домаќини на заменик-извршна директорка на UN Women Нјарадзаи Гумбонзванда. Женските кружоци од Свети Николе и Лозово имаа прекрасна дискусија за тоа што значи да си жена од рурална средина во нашиот контекст. Горди на нашите грантисти, горди на женските кружоци.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.