Извештај од мониторингот на политиките за родова еднаквост во Република Македонија

Контекстот на реализацијата на овој извештај е во рамките на годишната програма за работа 2010 на Здружението на граѓани „Акција Здруженска“. Извештајот е резултат развиен во посебна програмска компонента, чија цел е да обезбеди релевантни информации за напредок во креирањето и спроведувањето на политиките за родова еднаквост во Република Македонија, и да развие препораки до националните и меѓународните креатори на политиките за нивното унапредување.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.