Проценка за остварувањето на целите на политиките а родово одговорно буџетирање во Општина Битола, јуни, 2012-септември 2013, ЖГИ Клеа

Женска Граѓанска Иницијатива „Клеа“ од Битола, како партнерска организација во рамките на проектот „Проценка на присуството на родот во буџетското планирање во РМ“ спроведе мониторинг на со цел да ја испита работата на Општина Битола во насока на остварувањена целите на политиките за родово одговорно буџетирање, за период јуни 2012-септември 2013 година.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.