Здружението на граѓани Акција Здруженска, во светло на
годинешната кампања на ЕУ 2007-Година на еднакви можности за сите, организираше
форум на тема: На патот кон ЕУ: Политиките на РМ за родова еднаквост.
Средбата беше можност за отворање дебата помеѓу претставници
од владини институции, невладини организации, претставници на ЕУ во Македонија и
други релевантни организации, за досегашниот напредок на РМ и идните насоки за
постигнување на стандардите за родовата еднаквост кои се интегрален дел на
европското законодавство и практики.
Имајки ги предвид новата политика и засилените напори на ЕУ
на промовирање и унапредување на родовата еднаквост, фокусот на дебатата се
однесуваше на развивањето и ефективната имплементација на политиките на
Македонија на овој план. Од средбата произлегоа насоки и препораки за нивно
унапредување.
Дискусијата се темелеше на информациите од постигнатиот
напредок на РМ во процесот на усогласување со стандардите на ЕУ за родова
еднаквост, имајќи ги притоа предвид наодите и препораките од мониторингот
спроведен од страна на претставниците на ЕУ и на невладините организации.
Фотогалерија