Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје во соработка со активистките од Битола, организираше форум на тема: Политики и практики за родова еднаквост во Општина Битола, кој се одржа на 23.11.2006 во Хотел Епинал од 12 до 14:30 часот.
На форумот, кој е дел од серијата вакви средби организирани во рамките на програмата Развој и поддршка на иницијативите на активистките од локалните заедници, земаа учество Членови/ки на Советот на Општина Битола, , како и претставници/чки на релевантни институции и женските НВО.
Целта на форумот беше презентирање на наодите и препораките од студијата Родовата еднаквост и локалната самоуправа – Општина Битола. Воедно, форумот обезбеди простор за дискусија во однос на можностите за инкорпорирање на препораките во политиките и практиките на локалната самоуправа, а во согласност со локалните специфики на Општина Битола.
Оваа средба преставува можност за понатамошно градење партнерства помеѓу активистките и локалната самоуправа во насока на идентификување приоритети за институционално решавање на проблемите кои се јавуваат како последица на родовата нееднаквост во заедницата.
Фотогалерија