Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје во соработка со активистките од Свети Николе, организираше форум на тема: Политики и практики за родова еднаквост во Општина Свети Николе, кој се одржа на 11.12.2006 во просториите на Ловен дом – ЛОТОС од 13:00 -15:15 часот.
На форумот, кој е дел од серијата вакви средби организирани во рамките на програмата Развој и поддршка на иницијативите на активистките од локалните заедници, земаа учество Членови на Советот на Општина Свети Николе, релевантни институции, како и претставнички на женските НВО.
Целта на форумот беше презентирање и дискусија по однос на наодите и препораките од студијата Родовата еднаквост и локалната самоуправа – Општина Свети Николе.
Оваа средба преставува можност за понатамошно градење партнерства помеѓу активистките и локалната самоуправа во насока на идентификување приоритети за институционално решавање на проблемите кои се јавуваат како последица на родовата нееднаквост во заедницата.