• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Форум: Политики и практики за родова еднаквост во Општина Дебар

април 05, 2007
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје во соработка со активистките од Дебар, организираше форум на тема: Политики и практики за родова еднаквост во Општина Дебар, кој се одржа на 27.03.2007 во просториите на Стопанска Банка – филијала Дебар од 12:00 до 14:30 часот.

На форумот, кој е дел од серијата вакви средби организирани во рамките на програмата Развој и поддршка на иницијативите на активистките од локалните заедници, беше предвидено учество на Градоначалникот, Членови/ки на Советот на Општина Дебар, како и претставници/чки на релевантни институции и женските НВО.

Целта на форумот беше презентирање на наодите и препораките од студијата Родовата еднаквост и локалната самоуправа – Општина Дебар. Воедно, форумот обезбеди простор за дискусија во однос на можностите за инкорпорирање на препораките во политиките и практиките на локалната самоуправa, а во согласност со локалните специфики на Општина Дебар.

Оваа студија е резултат на заедничките напори на Акција Здруженска и активистките од Дебар, изработена со цел да овозможи подетален увид во постојните политики и практики на локалните власти во третирањето на родовата нееднаквост.

Оваа средба претставуваше можност за понатамошно градење партнерства помеѓу активистките и локалната самоуправа во насока на
идентификување приоритети за институционално решавање на проблемите кои се јавуваат како последица на родовата нееднаквост во заедницата.

Фотогалерија:



 

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk