Во рамките на “16 меѓународни дена на активизам за борба против насислтвото
врз жените”/ 25 ноември – 10 декември 2007
Барај имплементација, предизвикај ги пречките: Крај за насилството врз жените
Овогодинешната кампања:
Имаш право! Барај заштита од семејно насилство, претставува заедничка
акција на Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје, Здружението за
еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ, Националната СОС
линија при ОЖС, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за
внатрешни работи.
Целта на овогодинешната кампања е да ги поттикне жртвите
да бараат ефикасност и квалитет од системот за заштита од семејно насилство, на
начин што ќе ги информира за заштитните мерки и услугите кои имаат право да ги
побараат од надлежните институции, симболично преставени како “вратите на
системот”.
Кампањата започнува на 24 ноември (сабота) во 12 часот со
настан на Плоштадот Македонија наречен „ВРАТИТЕ НА СИСТЕМОТ”. Во рамките на
настанот ќе биде поставена инсталација која ќе ги симболизира вратите на
надлежните институции (Полиција, Здравство, Центри за социјална работа и
Невладини организации) кои се дел од ситемот за заштита од семејно насилство. До
секоја од вратите ќе стои претставник од соодветниот систем кои ќе ги информира
граѓаните за услугите и заштитата која тие ја обезбедуваат за жртвите на семејно
насилство.
Во деновите на кампањата се предвидува и дистрибуција на 5000
флаери, објава во неделното списание Теа Модерна, а ќе биде отворена и
телефонска линија за донирање средства за помош на жртвите на семејно насилство.