Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција
Здруженска, во соработка со Институтот за развој на заедницата од Тетово
организираше средба на тема: „Кон поефикасно спроведување на Законот за
еднакви можности на жените и мажите“ која ќе се одржи на 25 февруари 2014
во салата на Општина Тетово со почеток во 13 часот.
Основната цел на средбата беше да се промовира и дистрибуира
Годишениот планер за единицитe на локалната самоуправа, како едноставна
информативно – едукативна алатка чија основна функција е да им помогне на
општинските власти да ги интензивираат напорите поврзани со планирањето,
следењето, оценувањето и известувањето за активностите превземени за остварување
на целите на ЗЕМЖМ.
На средбата учесниците имаа можност да се запознаат со
содржината и начинот на користење на планерот, како и со упатство за негово
користење.
Во рамките на средбата ќе биде споделена и информација за
резултатите од мониторингот на состојбата со спроведувањето на Законот за
еднакви можности на мажите и жените во периодот од една година од усвојувањето,
кои послужија како основа за подготовка на Планерот.
Ha средбата учествуваа на претставници од различните
структури на единиците на локалната самоуправа на општина Тетово, Јегуновце,
Брвеница, Боговиње, Желино и Теарце, како и преставници на граѓанските
организации активни на полето на унапредување на родовата еднаквост и правата на
жените.