28 ноември 2013 во Холидеј Ин, Скопје
(сала Скала 1)
11 – 13:00 часот
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска на средба со девет скопски општини и Градот Скопје ќе го претстави Годишниот планер „Што (ќе) направи општината за родовата еднаквост годинава“.
Планерот е заснован на резултатите од Мониторингот на спроведувањето на Законот за еднакви можности на мажите и жените спроведен од Акција Здруженска во 2012 година кои укажуваат на низок степен на внимание кое општините им го посветуваат на обврските и мандатот предвидени во Законот за еднакви можности на жените и мажите, а во насока на унапредување на родовата еднаквост.