Здружението на граѓани Акција Здруженска на 25 јануари 2011 во Холидеј Ин, Скопје одржа конференција „Спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите од страна на органите/телата на ЕЛС„ .
На конференцијата беа презентирани резултатите од спроведениот мониторинг на работата на различните структури во 7 општини во однос на спроведување на обврските од Законот за еднакви можности на жените и мажите.
Конференцијата е организирана како завршна активност во рамките на проектот на Акција Здруженска „Ефективен одговор за родова еднаквост од страна на локалната самоуправа во Македонија“ спроведен во соработка со 11 локални НВО активни на полето на унапредување на родовата еднаквост и правата на жените.
Со цел да се воспостават услови за поефективна примена на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво преку зајакнување на мониторинг улогата на женскиот активизам, проектните активности беа фокусирани на поддршката на локалните женски организации во развивањето рамка и практика на континуирање следење и проценка на перформансите на локалните власти во поглед на родовата еднаквост.
Оваа активност се реализира во рамките на годишната програма на Акција Здруженска, финансиски поддржана од Програмата CIVICA Mobilitas, Фондација Институт Отворено Општество-Македонија и Balkan Trust for Democracy.
Фотогалерија: