По повод одбележувањето на Меѓнародните 16 дена активизам против насилството врз жените (25 Ноември – 10 Декември), Акција Здруженска организира Кампања ,,Стави точка. Помогнете насилството да стане минато,,.
Капањата ќе биде отворена со одржување на прес-конференција на 25 Ноември, во 11 часот, во кафулетео Тренд, на која ќе се обратат Државниот Секретар на Министерството за труд и социјална политика, Г-дин Душко Миновски, Државниот Секретар на Министерството за внатрешни работи, Г-дин Гоце Џуклески и Извршната Директорка на ЕСЕ, Г-ѓа Јасминка Фришчиќ.
Со цел промовирање проактивност на институциите задолжени за заштита на жртвите од семејно насилство, претставници од Центрите за социјална работа, Полициските станици и НВО-и од Скопје, Битола, Охрид, Штип, Тетово, Струмица, Велес и Куманово на прометни места каде што протокот на граѓани е најголем, ќе дистрибуираат картички кои ќе содржат кратка информација за семејното насилство и листи на расположливите системи за заштита. Промотивниот материјал содржи и повик до граѓаните за поддршка на жртвите со тоа што ќе донираат 100 денари, со повик на специално отворениот број 070 143 186 или во кутиите поставени во сите СП маркети, Макси Д дисконтите и Центарот за убавина UNIQUE. Средствата ќе бидат наменети за правна и психосоцијална помош и поддршка, како и бесплатно судско застапување на жртвите на семејно насилство. Се предвидува и дистрибуција на постери како и емитување на ТВ спот.
Носители на кампањата, покрај Акција Здруженска се и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ, Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, Националната СОС линија при ОЖС, Кризниот центар-Надеж, Шелтер Центар, партнери во проектот „Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното насилство во Македонија”.
Фотогалерија: