• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

НЕ НАСЕДНУВАМ!

јуни 16, 2009
by Сузана Гроздановска
0 Comment

ПЛОШТАД СЛОБОДА

Активностите на Кампањата „
Не наседнувам!!”во еден перидот беа ставени во мирување заради изборната
кампања.

Во меѓувреме, Уставниот суд ги поништи најголемиот дел од
законските решенија кои беа предмет на Кампањата „ Не наседнувам!!”, а
очекуваната владина кампања за последиците од абортусот не се реализираше со што
планираното поднесување на потписите од петицијата до релевантните институции
стана беспредметно.

Спласнатата атмосфера и недостигот од провокација во однос на
иницијалните прашања заради кои започна Кампањата, ја наметна потребата од
промена на нејзиниот фокус.

Насилството и ограничувањето на правото на протест за време
на мартовските настани на Градскиот плоштад во кои учествуваа членки на Акција
Здруженска, беше повод и соодветна провокација организацијата да се приклучи во
иницирањето, организирањето и спроведувањето на акцијата „Плоштад слобода„.

Целта на АЗ во склоп на акцијата беше да се реагира на
ограничувањето на цивилниот простор, етикетирањето, наметнувањето на или-или
идентитети и воопшто наметнати и однапред утврдени избори, но од женска
перспектива. Клучната поента на Плоштад Слобода беше приказ на градот како глас,
градот како топос од кој се слушаат и малцинските гласови, гласовите на
различните. Агендата на АЗ за овој настан беше вклучување на женскиот глас и
женската перспектива во градското гласовно различие.

Клучната порака од нашиот сегмент од акцијата беше прашањето
„Имам ли избор?„ проследено со начесто промивираните дуализми во нашиот
контекст: Курва – Светица, Млада невеста-Стара мома, Понежен пол-Сомнителен пол,
Домаќинка-Параспур, Преродбеничка-Комуњарка, Мајка Жртва-Себична чедоморка.
Пораките беа испечатени на престилки и торбички за пазарење како општоприфатени
„женски додатоци„. Воедно беше изработено првото македонско феминистичко знаме.
Истите предизвикаа големо внимание кај протестантите и медиумите кои го
проследија настанот.

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk