Овој регионален проект, се реализира во соработка со Мрежната програма за жени на Институт отворено општество Њујорк, од страна на институционалните партнери на мрежата од Македонија, Албанија, БИХ, Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово. Со цел ефективно искористување на процесот на приближување на овие земји кон ЕУ, во рамките на проектот се спроведува мониторинг на состојбите со еднаквите можности, преку анализа на степенот на апроксимација на националните законодавства и нивната практична имплементација во однос на одбрани директиви за еднакви можности на ЕУ. Предмет на мониторингот се директивите кои се однесуваат на еднакво плаќање, третман на работното место и заштита при бременост и мајчинство. Цели: Обезбедување јасни информации во врска со родовата еднаквост во земјите на ЈИЕ Подобрување на политиките и законодавствата во врска со еднаквите можности за мажите и жените Зголемување на јавната свест за стандардите на ЕУ во делот на родовата еднаквост Мобилизирање на граѓанското општество, особено женските НВО и пошироката јавност активно да учествуваат во обликувањето на процесот на евроинтеграции Воспоставување соработка помеѓу женските НВО и владините институции Размена на постојните искуства и експертиза помеѓу организациите кои се вклучени во проектот Врз основа на мониторинг – извештаите изработени од страна на организациите – партнери во Југоисточна Европа, ќе биде изготвен регионален преглед. Извештаите од мониторингот и од регионалниот преглед ќе дадат јасни препораки до владите и до меѓународните организации, кои ќе послужат како ефикасни алатки за застапување на промените на национално ниво и на ниво на ЕУ. Тие ќе се фокусираат на тоа како законите во делот на еднаквите можности за мажите и жените, како и нивното спроведување да се усогласат со стандардите на ЕУ, за да се обезбеди дека родовата еднаквост ќе стане реалност во земјите кои се предмет на мониторингот. Организации – партнери на Мрежната програма за жени на ИОО Њујорк во мониторингот на Еднаквите можности за мажите и жените во Југоисточна Европа: Македонија: Здружение на граѓани Акција Здруженска www.zdruzenska.org.mk Црна Гора: Женската програма на Фондацијата Институт за отворено општество – Претставништво Црна Гора www.osim.cg.yu Србија: Реконструкција Женски фонд www.rwfund.org Албанија: Центар на родовата алијанса за развој (GADC) www.women-center.org.al Босна и Херцеговина: Центар „Жената и општеството” www.womansoc.ba Хрватска: B.a.B.e (Биди активна, Биди еманципирана) Група за човековите права на жените www.babe.hr Косово: Косовски центар за родови студии www.kqscenter.org