На 16 и 17 ноември во халите на Скопскиот Саем се одржа НВО Саемот 6ти Форум
на Граѓанското Општество со носечката тема „Еднакви можности за сите”.
Акција Здруженска учествуваше на саемот со свој штанд на кој беа презентирани
досегашните резултати и публикации кои предизвикаа посебно внимание кај
претставиците од локалните самоуправи на општините.