Програмата за оваа тридневна обука е наменета за групи со мешан полов состав. Учесници/чки можат да бидат претставнички/ци од НВО, локална самоуправа и други организации/институции. Целта на програмата за обука е да ја зголеми способноста на учесничките/ците да ги разберат, препознаат и надминат родовите стереотипи и разлики. Програмата се состои од следниве теми: Стереотипи, предрасуди и дискриминација врз основа на пол; Дефинирање на родот и родовите улоги; Нивното влијание на нерамномерната распределба на моќта во општеството и општествената позиција на мажите и жените; Патријархатот како рамка за одржување на нерамномерната распределба на моќ; Човекови права; Аргументација, техники за аргументирање. Напомена: Дел од темите од оваа обука, во зависност од спецификите на групата учесници, можат да се комбинираат со теми кои ќе им овозможат стекнување основни знаења за различни модели и техники за родова анализа и вештини за нивна примена при планирање и реализација на проекти/програми: Разлики во приодите Жени во развој и Род и развој; Практични и стратешки родови потреби; Запознавање со различни модели за родова анализа; Практична употреба на GEA (Gender and Empowerment Impact Assessment) моделот; Родово буџетирање.