• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Обука за следење на спроведувањето на законските обврски на локалната самоуправа за унапредување на родовата еднаквост

февруари 08, 2016
by Marija Zafirova
0 Comment

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во партнерство со Институтот за развој на заедницата од Тетово, на 05.02.2016 (петок) во Хотел Лирак Тетово организираат еднодневна обука на тема „Следење на спроведувањето на законските обврски на локалната самоуправа за унапредување на родовата еднаквост“. Обуката се реализира во рамките на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово.

 

Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на локалните граѓански здруженија во однос на нивната улога за следење и мониторинг на работата на локалната самоуправа во поглед на третманот на родот и родовите прашања, како и зајакнување на нивните вештини за застапување на интеграцијата на родовата перспектива во локалните политики и изнаоѓање и предлагање на решенија во насока на подобрување на положбата на жената.

Исто така обуката има за цел поттикнување на локалната самоуправа за операционализација на Законот за еднакви можности на жените и мажите и нивно зајакнување со цел тие да одговорат на обврската за родово-свесно планирање и дејствување.

Обуките истовремно се во функција на зајакнување на соработката помеѓу различните чинители и заеднички пристап во промоцијата на родовата еднаквост во локалната заедница.

На обуката учествуваа 22  претставници на граѓански организации и индивидуални актвисти/ки, кои ги надградија своите знаења од областа на родовата еднаквост и правата на жените, како и претставници на локалните самоуправи (координатори за еднакви можности на жените и мажите, членови на Комисија за еднакви можности на жените мажите и други заинтересирани претставници) од Полошкиот регион – Тетово, Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk