Здружението на граѓани Акција Здруженска во рамките на
активностите насочени кон интегрирањето на прашањето на родовата еднаквост во
политиките и плановите за развој на локалните заедници, организираше четири
тродневни обуки на тема Родови односи и техники за родова анализа, во периодот март-мај.
На обуките присуствуваа претставници/чки од Комисиите за
еднакви можности, координаторите за еднакви можности, администрацијата како и
членови/членки на Советот од општините: Битола, Куманово, Свети Николе, Штип,
Виница, Градско, Лозово и Чашка, чија улога и законски мандат е да ги
промовираат, разгледуваат и следат прашањата кои се однесуваат на родовата
еднаквост во заедницата.
Целта на обуките беше учесниците/чките да се запознаат со
основните концепти за родот и родовите релации како и техниките кои можат да ги
користат за да проценат во колкава мерка планираните активности ќе влијаат на
унапредување на родовата еднаквост и статусот на жените.