Двомодуларната програма за обука (2 тридневни семинари со практична задача за учесниците помеѓу двата модули) е наменета за членки/членови на нови или помалку активни НВО. Програмата е развиена со цел да им помогне на НВО во: Препознавање на местото и улогата на нивните организации во поширокиот контекст и во развојот на граѓанското општество; Идентификување и избор на најсоодветен модел и рамка за делување и управување со организацијата; Размена на информации, искуства и меѓусебно запознавање. Програмата се состои од комбинирани основни содржини на следниве теми: Улога на НВО; Предизвици за стабилноста на НВО секторот; Мапирање на НВО секторот во Македонија; Испитување на потребите; Стратешко планирање; Прибирање средства и пишување проекти; Управување/Лидерство; Тимско работење; Волонтерство; Вмрежување и коалицирање; Односи со јавноста.