• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Подготовка на Извештај за прогресот по однос на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените и презентирање на наодите пред истоимениот Комитет на ООН – 05.08. 2012

октомври 19, 2012
by Сузана Гроздановска
0 Comment

По финализирање на Извештајот во сенка кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената, претставнички на ЕСЕ и Акција Здруженска учествуваа на пред сесијата на Комитетот за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените со цел да ги презентираат наодите по однос на прогресот кој РМ го постигнала од 2006 година до сега во однос на спроведувањето на оваа конвенција. Пред сесијата на 54 сесија на Комитетот се одржа во периодот од 30 јули до 3 август, 2012 во ООН, Њујорк. Наодите од извештајот во сенка и изјавата подготвена за пред сесијата беа презентирани на работната група на Комитетот, кој по разгледување на наодите извештајот поднесен од страна на државата и наодите на граѓанските и меѓународни организации подготви листа на прашања (http://www2.ohchr.org/english/bodies/cedaw/docs/54/docs/CEDAW-C-MKD-Q-4-5.pdf), кои РМ има обврска да ги одговори до 54 сесија на Комитетот закажана за февруари, 2013 година. На пред сесијата ЕСЕ и Акција Здруженска ги презентираа клучните наоди и области на загриженост по однос на правната и фактичката усогласеност со одредбите во Конвенцијата, при што како појдовна основа беа користени препораките и заклучните согледувања на Комитетот од последниот циклус на известување на РМ во 2006 година. Наедно, беа презентирани методологијата, изворите на податоци кои беа користени во подготовка на извештајот, вклучувајќи го и придонесот на останатите граѓански организации во подготовка на истиот.

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk