Цел
Програмата за обука на обучувачки е насочена кон зајакнување на капацитетите
на ромскиот женски активизам за унапредување на статусот на Ромките во
Р.Македонија.
Обуката за обучувачки е наменета за млади Ромки активистки
која ќе им овозможи да се стекнат со:
Разбирање на процесот и специфичниот контекст во кој
се развива родовиот идентитет, социјалните улоги, последиците од
нееднаквата распределба на моќта во општеството, како и статусот и
улогата на жената во општеството, особено на Ромките;
Знаења и вештини за преговарање и застапување на
родовите прашања и правата на Ромките во рамките на граѓанскиот сектор и
институциите на власта;
Знаења и вештини за дизајнирање и испорака на обуки
за застапување на родовата еднаквост и правата на жените.
Критериуми и начин на избор
Право на учество во програма имаат млади Ромки (од 18-30
години), кои:
Се посветени и заинтересирани да работат на
промовирање, застапување и спроведување обуки во областа на родовата
еднаквост и правата на Ромките;
Поседуваат претходни познавања од темите кои се
предмет на обуката и/или искуство во реализација на проекти во овие области;
Поседуваат претходно искуство или потенцијал за спроведување обуки.
Од доставените пријави ќе биде спроведена прелиминарна
селекција на 20 кандидатки кои ќе бидат поканети да учествуваат во еднодневна
работилница за проценка на знаењата и обучувачкиот потенцијал.
Врз основа на проценките од работилницата, ќе биде извршена
конечната селекција на 12 учеснички кои ќе учествуваат во обуката за обучувачки.
Начин и рокови за пријавување
Кандидатките треба да достават детално пополнет
формулар
за учество кој може да се најде на веб страната на Акција Здруженска
www.zdruzenska.org.mk
Истиот отпечатен треба да се достави по пошта најдоцна до 14
април, на адресата на Акција Здруженска бул. Илинден, бр. 39/1-2 , 1000 Скопје
Трошоци на обуката
Трошоците на кандидатките избрани за учество во изборната
работилница (патни и освежување), како и трошоците за учество на избраните
учеснички во програмата за обука (патни, храна и сместување), се на товар на
организаторот. Патните трошоци ќе бидат покриени исклучиво врз основа на
приложена сметка (автобуски билет или сметка за гориво во висина од 7 денари од
километар).
Важна напомена: Најљубезно ве молиме внимателно да ги
разгледате деталните информации за
програматата за обука
(содржина, динамика и обврски) кои се наоѓаат на веб страната на Акција
Здруженска.
Лице за контакт:
Соња Бошевска:
Тел./Факс: 02 3215 660
e-mail: zdruzenska@mt.net.mk