Здружението на граѓани Акција Здруженска на 29.03.2009
во просториите на НГ „Мала Станица” во Скопје организираше промоција на
групата обучувачки кои успешно ја поминаа „Програмата за обука за обучувачки
на млади Ромки активистки во Р. Македонија“ која беше спроведена во периодот
март-декември 2008.
На промоцијата на групата обучувачки им беа доделени дипломи за учество на тема
„Родови односи и женски права“.
АЗ во периодот март 2008- јануари 2009 спроведе програма за
Обука за обучувачки на Млади Ромки, чија цел е да го зајакне
ромското женско движење преку креирање на постојан ресурс за обука и застапување
за унапредување на статусот на Ромките во Македонија Обуката беше спроведена низ
3 тродневни и еден четиридневен модул за стекнување теоретски знаења во областа
на родовите односи, човековите права на жените и застапување за унапредување на
статусот на Ромките како и практични вештини за спроведување интерактивни обуки.
Во рамките на програмата за обука беа организирани 4 работилници за повеќе од 40
млади Ромки на кои групата обучувачки имаа прилика да ги искористат стекнатите
вештини и да им пренесат основни знаења на темите кои беа премет на програмата
за обука. По реализацијата на обуките за трансфер на знаења и вештини и
спроведувањето на работилниците, 7 од учесничките успешно ја комплетираа
програмата за обука.
Контакт информации:
Ребека Рамадан, Скопје e-mail: rebeka_91@hotmail.com
Шејла Фидани, Гостивар e-mail: sh_fidani@yahoo.com
Имран Јашари, Тетово e-mail: morska_vila_83@yahoo.com
Ермира Камбери, Тетово e-mail: ermira88@yahoo.com
Зурија Саит, Скопје e-mail: zurija_sait@yahoo.com
Фотогалерија: