Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и Здружението за еманципација,
солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија – ЕСЕ, на 03.04.2007 година,
во просториите на Акција Здруженска, организираше Петта работна средба.
На оваа еднодневна средба се работеше на специфицирање и утврдување на
потребните измени и дополнувања на Законот за семејство и Законот за социјална
заштита, се со цел поефикасна заштита на жртвите на семејно насилство.
Ова беше петта од шестте работни средби, предвидени со проектот
“Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното
насилство во Македонија”, како дел од активностите во насока на унифицирање на
граѓанско-правниот систем, преку развивање на внатрешни процедури за предлагање,
изрекување, спроведување и следење на привремените мерки за заштита.
Фотогалерија: