Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија – ЕСЕ, од 14-16.09.2006 година во Хотел Белви, Охрид, организираа прва работна средба за претставници од Министерство за внатрешни работи, јавни обвинители, истражни и кривични судии. Ова е прва од трите работни средби, предвидени со проектот “Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното насилство во Македонија”, како дел од активностите во насока на унифицирање на кривично-правниот систем. На средбата се разгледуваше психолошкиот облик на насилство-семејно насилство од аспект на психологијата на овој вид на криминалитет, неговата законска уреденост и соодветно на тоа утврдување на неговата феноменологија. Фотогалерија