Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија – ЕСЕ, од 02-04.11.2006 година во Хотел Фершпед, Маврово, организираа Втора работна средба за претставници од Министерство за внатрешни работи, јавни обвинители, истражни и кривични судии. Ова е втора од трите работни средби, предвидени со проектот “Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното насилство во Македонија”, како дел од активностите во насока на унифицирање на кривично-правниот систем. На средбата се разгледуваше физичкиот облик на насилство и неговата законска уреденост.